ВИДЕО: Стотици уапсени во Русија на протестите против мобилизацијата

Од:

Повеќе од 730 лица се приведени на денешните протести во Русија против мобилизацијата, соопшти руското движење за заштита на човековите права ОВД-Инфо.

dobivaj vesti na viber

Според ОВД-Инфо има апсења во 32 града низ Русија, од Санкт Петербург до Сибир.

Апсењата се случија три дена откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација.

„Дали сакаш да бидеш како мене?“, пишувало на транспарент што го држела жена во инвалидска количка на протестот во Москва.

Претседателот на русија денеска потпиша закон со кој казните за избегнување на повикот на војска или за десертирање се зголемени од пет на 10 години затвор.

Би можело да ве интересира

Украина отвори линија за предавање на руските војници: „Се јавуваат до 100 дневно“

Руските резервисти масовно гинат копајќи ровови и во нападите врз Бахмут тврдат Британците

Кремљ: Нема потреба од претседателски декрет за завршување на мобилизацијата

Шојгу објави крај на мобилизацијата во Русија

ВИДЕО: Путин им покажа како се пука на новите војници

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Молотов коктел фрлен во регрутен центар кај Москва