Медведев: Оваа година 280.000 луѓе се пријавија за руската армија

Од:

Приближно 280.000 луѓе се пријавиле за професионална служба во руската армија оваа година, изјави денеска заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател Дмитри Медведев.

За време на посетата на далечниот исток на Русија, Медведев рече дека се состанува со локалните власти како дел од напорите за зајакнување на вооружените сили.

„Според Министерството за одбрана, околу 280.000 луѓе се регрутирани во вооружените сили на договорна основа од 1 јануари“, вклучително и резервисти, државната новинска агенција ТАСС ја цитираше изјавата на Медведев.

Минатата година Русија ја објави својата намера да го зголеми бројот на своите војници за повеќе од 30 отсто, на 1,5 милиони, предизвик што е уште потежок поради големите, но неоткриени загуби во војната против Украина.

Некои членови на рускиот парламент изјавија дека на Русија и е потребна професионална армија со седум милиони членови за да ја гарантира безбедноста на земјата, за што би бил потребен огромен дел од буџетот.

Претседателот Владимир Путин нареди „делумна мобилизација“ на 300.000 резервисти во септември 2022 година, по што стотици илјади други ја напуштија Русија за да избегнат да бидат испратени во војна. Путин рече дека нема потреба од дополнителна мобилизација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија со дронови го нападна југот на Украина

Вагнер се повлекува од Бахмут на 10 мај

Катерина Ѓуровски

Британија: Кремљ веројатно подготвува широка мобилизација

Русија призна дека извршила повеќе од 9.000 нелегални мобилизации

Катерина Ѓуровски

Британија: Русија се уште ја разгледува можноста за делумна мобилизација

Русија се обидува да го зголеми бројот на војници без мобилизација тврди британското разузнавање