Вагнер се повлекува од Бахмут на 10 мај

Од:

Ројтерс објави кратко видео од шефот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, во кое тој вели дека неговите сили ќе го напуштат Бахмут на 10 мај.

„Изјавувам во име на борците Вагнер, во име на командата на Вагнер, дека на 10 мај 2023 година сме должни позициите во населбата Бахмут да ги пренесеме на единиците на Министерството за одбрана и да го повлечеме остатокот од Вагнер. Ги повлекувам единиците на Вагнер од Бахмут бидејќи им недостига муниција и осудени сме на неуспех“, рече тој.

Претходно, Пригожин објави видео во кое луто ги критикува руските власти за нивната недоволна поддршка за силите на Вагнер.

Треба да се напомене дека Пригожин даваше драматични изјави, а потоа ги повлекуваше. Минатата недела тој понуди да го прекине артилерискиот оган врз украинските сили во опколениот Бахмут, подоцна велејќи дека тоа е шега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија со дронови го нападна југот на Украина

Киев: Русите се обидуваат да ги вратат загубените позиции кај Бахмут

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

Вагнер планира да испрати систем за противвоздушна одбрана на Хезболах тврдат американските разузнавачи

„Вагнер“ се враќа на украинскиот фронт како официјална единица на руската гарда

Горан Наумовски

Синот на Пригожин се обидува да го преземе Вагнер

Катерина Ѓуровски