Спасувачките екипи извлекоа бебе кое три дена беше закопано под урнатините во Антакија, Турција. Хелен била пронајдена жива три часа откако спасувачите го извлекле десетгодишниот Мехмет од урнатините. Првите 72 часа по земјотресот се сметаат за критични за пронаоѓање на преживеани. Просечната стапка на преживување по првите 24 часа паѓа од 74% на 22% на третиот ден. Петтиот ден стапката е само 6%, пишува Sky News.
68 SAAT SONRA KURTARILAN BEBEK
Baby rescued after 68 hours in Türkiye
İBB ekipleri, 68 saat sonra enkaz altından çıkardıkları Helen bebeğin görüntüleri yayınlandı.–#Melbourne #Sydney #Turkishnews #dunyagazetesiau#türkiyeyalnızdeğilsin #türkiyedeprem#TurkeyEarthquake pic.twitter.com/lRTvjd2uzx
— Mustafa YILMAZ (@MylmzAustralia) February 8, 2023
Во Турција и во Сирија спасувачките екипи прдолжуваат да се борат за секој живот. Неуморно копаат по урнатините во обид да спасат се повеќе луѓе и покрај тоа што веќе се поминати 72 часа и временските услови им ја отежнуваат и онака тешката задача.