ВИДЕО: Снимки од воздух, земјотресот буквално преполови село во Турција

Од:

Турскиот претседател реџеп Таип Ердоган вети дека ќе продолжат спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури.

„Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатите згради“, рече Ердоган доцна во вторникот, по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за катастрофи и вонредни состојби.

Проценката на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една недела, а реконструкцијата ќе започне за неколку месеци, тврди турскиот претседател. „Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици“, додаде тој.

Повеќе од 105.000 луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13.000 се уште се во болници, рече Ердоган.

Турските медиуми јавуваат дека селото во областа Доганшехир во Малатија е буквално преполовено. Јужниот дел од селото, велат, се спуштил за два метра, додека куќите на север останале недопрени. Медиумите јавуваат дека пукнатината е долга 16 километри.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски