(ВИДЕО) Снимка од страшните поплави: Пороите носеа луѓе и автомобили, шестмина загинаа

Од:

Невреме со силен дожд ја пустоши Шпанија од минатиот викенд.

Имаше огромни поплави, а пороите однесоа луѓе и автомобили. Како што јави Франс24, бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на шест.

Колку се страшни поплавите во Шпанија покажува видео објавено на социјалната мрежа Х од градот Корела на северот на земјата. Во видеото кое е направено денеска, може да се види како автомобилот се пробива низ водата која се повеќе ја поплавува улицата и возилата на неа.

Викендов невремето, кое ја зафати целата земја, го попречи патувањето на десетици илјади луѓе последниот викенд пред почетокот на новата учебна година. Научниците предупредуваат дека екстремните временски услови како тропските бранови и бурите стануваат се поинтензивни поради климатските промени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Му ги запалија роговите, па го влечеа по улица-безмилосно малтретирање на бик во Шпанија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Допре новинарка за задникот во јавување во живо: Уапсен маж во Шпанија

Катерина Ѓуровски

Рубиалес поднесе оставка како претседател на Шпанската фудбалска асоцијација

(ВИДЕО) Силен дожд во Шпанија, нема возови меѓу Мадрид и Барселона

Горан Наумовски

ВИДЕО: Авион во Шпанија влета во силно невреме, патниците врескаат, повраќаат

Катерина Ѓуровски

Групно силување на тинејџерка на Мајорка: Снимки од нападот пронајдени во телефоните на осомничените

Катерина Ѓуровски