ВИДЕО: Смртоносно торнадо го опустоши Тексас

Од:

Најмалку шест лица загинаа, судбината на 14 е во неизвесност, а повеќе од сто останаа без покрив над главата во налетот на торнадо во северниот дел на американската држава Тексас, изјави шерифот на округот Худ, Роџер Дидс.

– Десетици лица се ранети, рече Дид, на синоќешната прес-конференција. Според информациите на телевизијата Еј-Би-Си бурата разурнала над 80 куќи, а прекинат е и дотокот на електрична енергија.

Очевидци велат дека силниот ветер кревал во воздух автомобили, заедно со луѓето во нив, а потоа ги фрлал на земјата, искорнувал рекламни билборди и десеметарски дрва.

Во регионот имало најмалку две торнада. Погодени се окрузите Худ, Тарант, Далас и Паркер, а најмногу настрдала градот Ганбери. Жителите на некои региони во државата тврдат дека стихијата била придружена со град со големина на портокал.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас