(ВИДЕО) Смрт, болести и очај: Животот во Антакија по разорниот земјотрес

Од:

Земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6. февруари беше невидена катаклизма, најлоша во последните сто години, пишува Euronews.

Јужниот турски град Антакија и неговите жители се меѓу најтешко погодените. Местото некогаш бил важен трговски центар и трет по големина град во Римската империја. Но, разорните земјотреси не поштедија речиси ништо.

Касим Гундуз е еден од жителите на градот. Неговото семејство било уништено од катастрофата. “Мојата сопруга се вика Шефика, ја нареков гулум (роза). Викав Шефика! Шефика! И ништо не слушнав. Бевме во брак 52 години”, рекол тој.

Касим за Еуроњуз изјави дека сега најверојатно ги чека нејзините посмртни останки. Телото на неговиот син е извлечено од урнатините и е во пластична кеса во близина. Целиот свет му се сруши.

Антакија, или античка Антиохија, е основана во 300 п.н.е. и доживеала доста катастрофи низ историјата. Неколку пати била уништувана и обновувана.

Но, кога земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот, сите беа затекнати. Помошта полека пристигнуваше во првите денови по трагедијата.

Мехмет успеал да се спаси, но не се сеќава како излегол од урнатините. Раскажува дека од земјотресот морал да спие во својот автомобил со сопругата и седуммесечен син.

Без струја, вода и тоалети, преживеаните се во голем ризик. Заразните болести како шуга и колера брзо се шират, а секој ден се случуваат последователни потреси.

Во првите неколку часа по земјотресот, урнатините ги пребаруваа само преживеаните, шокирани, повредени и без никакво искуство во тоа. Потоа дојдоа волонтерите. Ердем, градежник од Истанбул, веднаш се упатил кон Антакија штом слушнал за земјотресите.

„Се обидов да го направам тоа што требаше да се направи. Успеав да спасам една мајка. Успеав да спасам и едно момче и неговата постара сестра“, рече Ердем, жалејќи се што не спасил повеќе од нив.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата не можела да се подготви за таква трагедија. Но, не сите во Антакија се согласуваат со тоа.

„Првиот ден кога дојдовме овде, сакавме да дупчиме, но не најдовме генератор или пневматска дупчалка. Тука немаше агенција за итни случаи или службеник“, објаснува жителот на Антакија, Ибрахим Халил.

Неколку дена по земјотресот изгледаше како властите да ја немаат ситуацијата под контрола и покрај пристигнувањето на меѓународната помош. Луѓето не се согласуваат околу тоа кој е виновен за хаосот. Некои велат дека се виновни внатрешните поделби, додека други го обвинуваат лошото владеење.

„Доцнењето со помошта не е невнимание. Бидејќи овие багери, камиони и машини дојдоа од други региони, им требаше малку време да стигнат. И сега тие работат одлично“, рече Џемал Гунгор.

„Единствената причина зошто локалните самоуправи не работеа добро беше тоа што им беа намалени овластувањата. Никој не можеше да се движи ни без дозвола одозгора“, вели друг граѓанин.

Поради оваа катастрофа, централизираниот систем на владеење на Ердоган повторно е под очите на јавноста и опозицијата доби силен аргумент да му се спротивстави на овогодинешните претседателски избори, кои, според некои, тој може да се обиде да ги одложи доколку верува дека неговите шанси на освојување трет мандат се намалени.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски