ВИДЕО: Сијамски близнаци кои не може да се разделат со операција

Од:

Во болницата Нортсајд во Атланта, со царски рез се родија сијамски близнаци, кои никогаш нема да може да бидат разделени со операција, бидејќи имаат едно тело.

Нивните родители Робин и Михаел кои од Алабама допатувале во Атланта поради посебна болничка грижа, на „Фејсбук“ објавиле дека близнаците се здрави, добро се чувствуаат и дека заедно тежат 4.36 килограми.

Состојбата на бебињата Асе и Еља е позната како Дајссефаликс парапагус,односно станува збор за екстремно ретко пореметување, кое се јавува кај една од милион жени. Наредните денови се од голема важност за сијамските близнаци, бидејќи статистиката покажува дека 35 проценти од нив преживуваат само еден ден, односно стапката на преживување се движи помеѓу 5 и 25 проценти.

Лекарите веруваат дека овие новороденчиња освен едно тело и срце, имаат ист црн дроб и три белодробни крила, додека желудникот, цревата, бубрезите и останатите органи им се одвоени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он