Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

Од:

Томисаку Кавасаки, јапонскиот педијатар кој ја откри детската болест Кавасаки, почина на 96-годишна возраст, соопшти неговиот истражувачки центар.

Кавасаки е ретка детска болест која предизвикува воспаление на крвните садови, што може да доведе до срцеви компликации, опасни по живот ако болеста не се лекува брзо.

Томисаку Кавасаки првпат во 1961 година забележал симптоми кај четиригодишник во Јапонија – силна треска со конјунктивитис, осип по целото тело и црвенило на јазикот.

Потоа открил уште 50 слични случаи, кои научно ги опишал во 1967 година. Болеста почесто ги погодува момчињата од девојчињата, а најчеста е кај деца со јапонско потекло, иако болеста се јавува низ целиот свет. Причината за болеста останува непозната.

Симптоми слични на болеста Кавасаки се појавија за време на пандемија на Ковид-19 кај некои деца во Европа и САД. Истражувачите во моментов се обидуваат да утврдат евентуална поврзаност помеѓу оваа детска болест и Ковид-19, затоа што многу болни деца имаа позитивен тест за коронавирус.

И покрај неговата возраст, Томисаку Кавасаки беше активен во јапонската медицинска заедница, па така до минатата година претседаваше со невладин центар кој ја истражува болеста Кавасаки. Организацијата соопшти дека Кавасаки починал во болница во Токио во петокот „поради длабока старост“.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Сашко Јовев: Ова е круната на македонската медицина, имаме одлични тимови, продолжуваме да спасуваме животи

А1он