ВИДЕО: Шестгодишно дете спасено од урнатините два дена по земјотресот во Индонезија

Од:

Шестгодишно момче два дена било под урнатините во Индонезија, откако земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Западна Јава. Момчето преживеало и било спасено, а видеото од спасувањето на шестгодишниот Азја го објави Си-Ен-Ен на Твитер.

Во земјотресот на островот Јава загинаа најмалку 268 луѓе, изјави пожарникар Аман Ријанто, кој учествуваше во спасувањето на момчето.

Се уште дишеше, фала богу беше жив и веднаш доби лекарска помош“, изјави пожарникарот.

Момчето е пронајдено покрај телото на неговата баба, пренесе агенцијата, пишува CNN. Момчето се лекува во болница, јавуваат локалните медиуми. Претходно спасувачите ги пронајдоа безживотните тела на родителите на Азја.

Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур се уште се водат како исчезнати. Повеќе од илјада луѓе се повредени, а 58.000 се раселени. Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, кое затрупа куќи и луѓе. Повеќе од 2.300 згради и домови беа оштетени во земјотресот.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Нов земјотрес е регистриран во близина на брегот на Индонезија