(ВИДЕО) Шефот на Вагнер снимен покрај неговите мртви платеници: Си одат дома

Од:

Руските трупи понекогаш со недели се обидуваат да заземат и една куќа во клучниот град во Донбас Бахмут, изјави Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група Вагнер, објави Гардијан.

На видеото објавено на новогодишната ноќ, Пригожин го посетува подрумот во близина на Источниот фронт, каде што се чуваат телата на неговите борци. На водачот на групата Вагнер му покажуваат тела на носилки и во вреќи во импровизирана мртовечница. Во аголот на едната соба се гледаат наредени тела натрупани до висина на рамената.

„Нив им истече договорот, ќе си одат дома следната недела. Овие се подготвуваат да бидат испратени. Ќе работиме и на новогодишната ноќ. Тука лежат борците од Вагнер кои загинаа на фронтот. Сега ги ставаат метални ковчези и си одат дома“, се слуша како вели Пригожин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски