(ВИДЕО) Селекторот на Турција работи на каса: Познатиот Германец и помага на Турција по разорниот земјотрес

Од:

Голем број спасувачи се на терен и ги извлекуваат преживеаните од урнатините во Турција и Сирија по разорниот земјотрес што ги погоди тие две земји.

Исто така, на местото на трагедијата дојдоа и голем број волонтери, познати личности и спортисти кои помагаат колку што можат.

Еден од нив е и познатиот Германец Стефан Кунц, моментално селектор на турската фудбалска репрезентација, кој помага во локална продавница. Седнал на една од касите во маркетот и работел смена при која целта била да собере што повеќе пари за да бидат проследени.

Повеќе од 90 отсто од преживеаните од земјотресот се спасени во првите три дена по катастрофата. Тој период може значително да варира во зависност од временските услови, зачестеноста на последователните потреси и брзината на пристигнување на помошта.

Според последните официјални податоци, најмалку 24.490 луѓе загинале во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, од кои 20.937 се во Турција и 3.553 во Сирија.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски