(ВИДЕО) Се урна руски МиГ-23 на аеромитинг во Мичиген

Од:

Авион МиГ-23 од советско производство се урна за време на аеромитинг во Мичиген.

Борбениот авион настапуваше на аеромитинг во близина на аеродромот Вилоу Ран кога пилотот изгуби контрола над леталото.

Во неделата на аеродромот се одржа воздухопловното шоу „Гром над Мичиген“, при што неколку авиони, меѓу кои и МиГ-23, изведуваа различни воздушни маневри. МиГ-23 е застарен авион кој ја вооружуваше авијацијата на СССР, но е во борбена употреба во неколку други армии низ светот.

Портпаролот на настанот изјави за Локал 4 дека МиГ-23 се урнал пред станбен комплекс. Пилотите во авионот се катапултираа и се пронајдени.

Нивната состојба засега не е позната.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас