ВИДЕО: Се разгорува војната на Кавказот, Ерменците тврдат дека собориле азербејџански авион

Од:

Во веќе отворениот воен судир меѓу Ерменија и Азербејџан за спорниот регион Нагорно-Карабах, денеска се вклучила и авијацијата од двете страни, а ерменските сепаратисти објавија дека собориле азербејџански авион Ан-2.

Вахрам Погосјан, портпаролот на властите на непризнаената република Арцах (Карабах за Азербејџанците), попладнето објави дека противавионските единици собориле летало на непријателот во близина на градот Мартуни.

Погосјан го посочи и видот на авионот – двокрилец-олдтајмер од советско време што најмногу се користи за земјоделски цели.

Во наводна снимка што ја лиферуваа од ерменска страна, се гледаат изгорени делови од авионот, додека човек на руски јазик објаснува за соборувањето на азербејџанското летало.

Од Баку веднаш стигна демант за објавата од ерменските сепаратисти.

„Сите авиони на военото воздухопловство се на број и во функција,“ соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Во последното разгорување на судирите за Нагорно-Карабах, кој тлее со децении, досега загинаа десетици војници од двете страни.

Русија има потпишано одбранбен сојуз со Ерменија, а поддршка за Азербејџан стигнува од страна на Турција, која има свое малцинство во земјата и долги културни и други врски со кавкаската држава.

Светските лидери денеска повикаа на итно запирање на непријателствата и предупредија дека конфликтот во Нагорно-Карабах може да прерасне во отворена и долготрајна, крвава војна.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“