Целодневни судири во Нагорно-Карабах, се бројат мртви на двете страни

Од:

Парламентот на Азербејџан и Владата на Ерменија денеска прогласија воена состојба во своите земји, а властите во Ереван и непризнатата Република Нагорно-Карабах, за која двата соседа и влегоа во вооружен судир , прогласија општа мобилизација и полициски час во неколку региони долж линијата на вооружениот конфликт, пренесоа британските медиуми.

Азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, попладнево соопшти дека има мртви и ранети меѓу цивилното население и меѓу војниците, откако ерменските сили отворија оган долж линијата на раздвојување.

-Пукано беше од различни орудија, вклучително и оние со голем калибар, рече Алиев, наведувајќи дека „ова е уште една воена провокација на Ерменија“ .Тој посочи дека Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија.

Лидерот на Нагорно-Карабах, Араик Артјунијан, соопшти дека е почната мобилизацијата на сите граѓани над 18 години и дека е прогласена воена состојба во земјата. Тој додаде дека од утринава во судирите со азербејџанските војници се убиени 16 војници и има над 100 ранети.

Утринава повторно дојде до судир меѓу ерменските и азербејџанските сили околу Нагорно Карабах, област со мнозинство Ерменци, која прогласи отцепување од Азербејџан во 90-тите години на минатиот век.

Би можело да ве интересира

Ерменскиот претседател ненадејно поднесе оставка

Ана Ололовска

САД ги поздравуваат чекорите преземени од Турција и Ерменија за нормализирање на односите

А1он

Парламентот на Ерменија усвои закон со кој можат да се отпуштаат невакцинирани работници

А1он

Меѓународниот суд на правдата им нареди на Азербејџан и Ерменија да престанат да поттикнуваат омраза

А1он

Петнаесет ерменски војници убиени во судир со азербејџанската војска

А1он

Ерменија и Азербејџан ќе ги обноват преговорите за Нагорно-Карабах

Ана Ололовска