Долгата историја на војната за Нагорно-Карабах

Од:

Корените на конфликтот околу планинската област Нагорно-Карабах датираат од 1923 година, кога советските комунистички власти ја даваат на Азербејџан, и покрај тоа што во тоа време во неа живеат 96 проценти Ерменци.

Тоа не беше голем проблем, додека не почна распаѓањето на Советскиот Сојуз, кога стана јасно дека ќе се појават независни држави, пишува Бгнес. Ерменското население на Нагорно-Карабах сакаше да остане во татковината, што беше потврдено на референдум, а Азербејџан се обиде да ја укине автономијата и регионот целосно да го стави под контрола. Избувна војна, која траеше од 1988 до 1994 година.

Со својата стратешка положба, Нагорно-Карабах, низ кој поминуваат меѓународни нафтоводи и гасоводи во граничната зона меѓу двете земја, има околу 11.000 квадратни километри и 150.000 население.

Ерменија има околу три милиони жители. Азербејџан е економски посилен, има гас и нафта, има речиси трипати повеќе жители од Ерменија и добива огромна помош од етнички и историски блиската Турција.

Според последните информации, во регионот Нагорно Карабах се водат жестоки битки меѓу ерменската и азербејџанската армија. Претставник на Министерството за одбрана на Ерменија изјави дека се убиени околу 200 азербејџански војници. Билансот на ерменската страна е помеѓу 20 и 30 убиени (според различни извори) и над 100 ранети. Воена состојба е прогласена во двете земји. Во Ерменија, во регионот Нагорно Карабах, се мобилизираат и резервисти.

Претседателот на самопрогласениот регион Нагорно-Карабах, Арајик Арутјунјан рече дека азербејџанската армија за време на нападот користела турски авиони Ф-16 кои веќе еден месец се наоѓаат во Азербејџан заради воени вежби.

Според Спутник, кого го цитира Бгнес, тоа е доказ дека Азербејџан користи најмодерно оружје, кое и е на располагање на турската армија.

Москва, Вашингтон и Брисел бараат итно да се стави крај на конфликтот. Според нив, најважно е да се остави оружјето за двете страни да се вратат на преговори и да се бараат дипломатски и политички решенија во рамките на Групата од Минск, ОБСЕ и ОН, со мировно посредништво на Европската Унија и Русија.

Би можело да ве интересира

Ерменскиот премиер веќе не гледа можност за дипломатија, ги повика Ерменците да земат оружје в раце

Жарко Настоски

Од азербејџанска страна, 63 жртви од почетокот на конфликтот

Ана Ололовска

Баку: Ерменија гранатира две области долж Нагорно Карабах

Ана Ололовска

Алиев: Азербејџан зазеде 13 села во Нагорно-Карабах

Ана Ололовска

Азербејџан и Ерменија договорија привремено хуманитарно примирје

Ана Ололовска

Ереван: Азербејџанците лажат дека шверцуваме оружје, тие го прават тоа

Ана Ололовска