По неуспешниот референдум во Шкотска, почнаа да се појавуваат снимки кои се нудат како доказ дека целиот процес бил нерегуларен и наместен.
На првата видео снимка се прикажува жена која ги брои гласовите и ги префлра гласачките листови маркирани со „Да“ во купот со тие што гласале со „Не“ за независност.
Но, од надворешната страна се гледа дека листовите се обележани со „Да“.
Камерите фатиле и набљудувач на гласањето, кој скришно сам ги пополнува гласачките листови.