ВИДЕО: Се поголем е бројот на жртви од поплавите во Западна Европа, драматични снимки доаѓаат од Австрија

Од:

Најмалку 180 луѓе починаа во поплавите кои изминативе денови ја зафатија Западна Европа. Во Германија која е најпогодена од невремето досега загинаа најмалку 156 лица, вклучувајќи и четворица пожарникари. Спасувачките екипи продолжуваат да бараат исчезнати лица, па се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.

Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати.

Иако силниот дожд престана да врне во најпогодените области на Германија, Белгија и Холандија, невремето и поројните дождови продолжија во другите делови на западна и централна Европа. Синоќа имаше и поплава во германско-чешката гранична област, низ целата земја од каде се случија минатонеделните поплави, и во југоисточниот дел на Германија како и преку границата во Австрија.

Поплава го зафати и блискиот австриски град Халејн доцна во саботата, но нема извештаи за жртви. Обилниот дожд и невреме предизвикаа сериозни штети во повеќе делови на Австрија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена