(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Од:

Сирените денеска се огласија низ централниот дел на Израел, а израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека една ракета била истрелана од Јемен и дека околу 90 биле истрелани од Либан во правец на Израел.

Во Тел Авив и околните градови е активирано предупредување за воздушна закана, пишува The Times of Israel.

Повеќето од нападите на либанската група Хезболах беа насочени кон северен Израел, но и неколку ракети со долг дострел беа истрелани во правец на Тел Авив и на Западниот Брег, се наведува во соопштението.

Јеменското движење Хути денеска изрази жалење за смртта на водачот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насралах и рече дека ќе продолжи да ја поддржува групата.

Хезболах, сојузник на Хутите во сојузот поддржан од Иран, кој се спротивставува на Израел, претходно потврди дека лидерот на групата и еден од нејзините основачи, Саид Хасан Насралах, биле убиени во израелски воздушен напад.

Во соопштението, Хезболах вети дека „ќе ја продолжи светата војна против непријателот, како поддршка на Газа и Палестина и одбраната на Либан и неговиот силен и чесен народ“.

Би можело да ве интересира

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел

(ВИДЕО) Израелски амбасадор повикува да се убијат палестинските тинејџери во Газа

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен