ВИДЕО: Се гушкаат пациентите и лекарите – затворена и последната времена болница за коронавирус во Кина

Од:

Затворени се и последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирус, во кинеската провинција Хубеј, што значи дека Кина ги затвори сите 16 привремени болници за заболени од коронавирус во овој град. Срцепарателни фотографии од тоа како се радуваат и гушкаат лекарите и пациентите споделуваат сите странски агенции.

Во јавноста кружи и видео лекарите кои стојат на скали и додека камерата ги снима, еден по еден тие ги симнуваат своите заштитни маски за лице. На лицата имаат широки насмевки, а некои и мавтаат кон камерата. Ова видео го обиколи светот и собра бројни позитивни коментари.

Последниот пациент кој се избори со коронавирусот денеска ја напушти привремената болница направена во спортска сала.

„Закрепнавме благодарение на внимателната грижа на персоналот. Сакам да ги повикам медицинските работници да дојдат во Вухан повторно како наши драги гости, без маски и заштитни одела, да се облечат во тоа во што се чувствуваат убаво“, рекол излекуван пациент Вен Чангпинг.

На една од фотографиите се гледа и како изгледа една од привремените болници без пациенти.

kina koronavirus prazna bolnica

Кинеските власти претходно преуредија јавни објекти како што се изложбени центри и спортски сали во 16 привремени болници. Тие служеа како изолација и за лекување на пациенти заболени од коронавирус.

Сега, докторите се радуваат бидејќи успешно ја завршиле својата мисија.

Во овие центри лекарска помош добија околу 12.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина