ВИДЕО: Самоубиствен бомбашки напад крај полициска станица во Русија

Од:

Тројца бомбаши-самоубијци се разнесоа денеска пред полициска станица во градот Новоселское во Ставропољскиот Крај во југозападниот дел на Русија, соопшти претставник на локалните безбедносни структури.

Руските медиуми јавија дека при нападот загинале четворица терористи. Тројца загинале при извршувањето на нападите, додека четвртиот бил ликвидиран од страна на полицијата.

Нападот бил извршен околу 10.40 часот по локално време (7.40 по Гринич).

Како што јави ТАСС, меѓу жртвите нема цивили и припадници на силите на редот.

Според непотврдени информации, пред полициската станица се случиле пет експлозии.

Засега нема повеќе детали за нападот, а истрагата за целиот случај е во тек.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија