ВИДЕО: Руски лекари извадија змија долга еден метар од стомакот на жена

Од:

Лекари во руската Република Дагестан ставиле жена под анестезија за да извлечат змија која влегла во нејзиниот стомак преку устата, додека таа спиела на отворено, јави агенцијата РИА Новости.

Руските медиуми пренесоа дека змијата била долга над еден метар, што се гледа и од објавената снимка од моментот кога лекарите ја вадат змијата од устата на жената.

Според РИА Новости, змијата, за која нема информација дали била отровна, доползела до жената и влегла во нејзината отворена уста, додека таа спиела под дрво во нејзиниот двор.

Кога се разбудила, жената почувствувала болки во стомакот, по што веднаш била однесена во болница. Откако лекарите сфатиле дека има нешто живо во неа, тие го извршиле зафатот, со помош на долга цевка ставена во грлото на несреќната жена.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија