ВИДЕО: Русите се фокусираа на Харков, се пожестоко го бомбардираат, Зеленски бара помош

Од:

Имајќи ги предвид постојаните руски воздушни напади врз североисточниот град Харков, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од меѓународните сојузници итно да ги испорачаат потребните системи за противвоздушна одбрана. „Сосема е очигледно дека капацитетите за противвоздушна одбрана што ги имаме во Украина не се доволни – и тоа им е јасно на сите наши партнери“, рече Зеленски во синоќешната видео порака.

„Бараме начини да му обезбедиме на Харков повеќе воздушна одбрана“, рече тој, повикувајќи ги сите украински дипломати и меѓународни преговарачи да бараат договори за нови испораки.

Зеленски долго време бара дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ од САД, а претходно во ТВ интервју рече дека на неговата земја и се потребни најмалку 25 такви системи за да се одбрани од руски напади.

Украина, која се брани од голема руска инвазија повеќе од две години, повторно забележа зголемено руско воено фокусирање на Харков, во моментов повеќе од кој било друг град.

Според локалното обвинителство, две воздушни бомби паднале вчера напладне во Харков, при што се повредени пет лица, додека 13 станбени згради и други објекти биле оштетени. Во петокот вечерта шест лица загинаа, а 11 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород