(ВИДЕО) Русите првпат го губат Луганск: Војската на Путин поразена, Украинците напаѓаат

Од:

Како бомба утрово одекна веста дека украинските војници влегле во регионот Луганск, кој е под контрола на Русија, за прв пат од почетокот на војната. Набрзо беше објавено дека Украина го ослободила селото Билохоривка, кое се наоѓа во оваа област, а следен чекор е ослободување на еден од клучните градови на Луганск – Лисичанск. Овој пробив нанесе уште еден удар на армијата на Путин, која претрпе големи порази на источниот фронт во последните недели.

Информациите за тековната контраофанзива во Луганск се појавија рано утринава, но ниту еден независен извор не може да ги потврди наводите. Сепак, потврдата дојде набрзо и тоа само од гувернерот на областа Луганск, Серги Гајдај.

Тој најави дека украинските војници имаат целосна контрола над Билохоривка, која била под окупација на армијата „З“. Тоа е мало село во областа, кое се наоѓа недалеку од Лисичанск. За Украина ова претставува уште една мала победа, но која може да доведе до поголема цел – Лисичанск, а потоа и Северодонецк.

Со ослободувањето на првото село во Луганск, Русија за прв пат загуби барем еден дел од својата територија во Луганск.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски