ВИДЕО: Русите објавија снимка како Германците наводно планираат напад на Кримскиот мост

Од:

Германските власти да ја истражат аудио снимката на наводни германски воени службеници кои разговараат за плановите за напад на мостот на Крим. Ова го побара високиот руски пратеник Владимир Булавин.

„Ги повикуваме германските власти веднаш да спроведат детална истрага за овој разговор и да и дадат објаснувања на светската заедница. Ова е единствениот начин да се врати довербата дека ќе се почитуваат меѓународните норми и принципи“, изјави шефот на Комитетот за воена и безбедност на рускиот Горен дом на парламентот, Булавин.

Тој оцени дека фактот што протече ваква аудиоснимка укажува на „сè поголемо несогласување во германското општество за надворешната политика кон Русија“.

„Ова може да значи дека не сите германски граѓани ја поддржуваат политиката на нивната влада, особено во делот што се однесува на Русија. Добар дел од германското општество ја гледа Русија повеќе како голем економски и стратешки партнер, а не како непријател.

Малку порано, главниот уредник на медиумот Раша Тудеј и медиумската група Расија Севодња, Маргарита Симонјан објавија транскрипт од наводен разговор меѓу високи офицери на германската армија кои, како што се посочува, разговарале за напад на мостот на Крим.

„Во моментот кога германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш ѝ кажуваше на светската заедница дека неговата земја и НАТО како целина не се во војна со Русија, претставниците на руските разузнавачки служби објавија фасцинантна аудио снимка“, обајви Раша Тудеј.

Како што е наведено, разговорот бил одржан на 19 февруари, а плановите биле разговарани од началникот на Одделот за операции и обука на воздухопловните сили Френк Грефе, воздухопловниот инспектор Инго Герхарц и соработниците на воздушните оперативни центри Фенске и Фронштат.

„Тие (Украинците) сакаат да го уништат мостот… бидејќи тој има не само воено-стратешко, туку и политичко значење“, рече Герхартс. Еден од офицерите спомна планирано патување во Украина на 21 февруари за да ги координира нападите врз руски цели.

„Би сакал да кажам нешто повеќе за уривањето на мостот. Интензивно го проучувавме ова прашање и, за жал, дојдовме до заклучок дека мостот, поради својата големина, е сличен на писта. Така што може да бара 10 или дури 20 проектили“, рекол еден од соговорниците.

Потоа предложиле целата операција да се подели во фази и да се обратат до Велика Британија за помош при планирањето, пишува РТ. Инспекторот на воздухопловните сили кој учествувал во разговорот ја споменал можноста за испорака на 100 проектили Таурус во Киев во два круга, а германските војници ја разгледале можноста да нападнат со тие проектили со помош на ловците Дасо Рафал, пренесува РТ.

„Од оперативна перспектива, не можам да проценам колку брзо Украинците ќе можат да научат да планираат такви акции и колку брзо ќе дојде до интеграција. Но, бидејќи се работи за мостот и воените бази, разбирам дека тие сакаат да ги добијат како што е можно поскоро“, се вели меѓу другото во разговорот што го објави Маргарита Симонјан.

РТ понатаму оценува дека се чини дека главниот проблем на германските офицери не е тајното доставување на „Таурус“ во Украина, за што е веќе начелно одлучено, туку како да го сокријат сопственото учество во планираниот напад, во кој се вклучени уривање на мостот на Крим.

„Мораме да се погрижиме од самиот почеток да нема јазик што не прави страна во конфликтот. Само замислете што ќе се случи ако печатот дознае“, рекол Грефе, според РТ.

Би можело да ве интересира

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Русија го брани кримскиот мост со „стратегија стара 200 години“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над Кримскиот мост облаци од чад, пресретнати два проектили

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Путин се прошета преку мостот на Крим, гранатиран во октомври

Ана Ололовска

Украинците издадоа поштенска марка славејќи го уништувањето на мостот на Крим

А1он

Тројца уапсени за нападот на мостот на Крим

Ана Ололовска