Тројца уапсени за нападот на мостот на Крим

Од:

Московскиот окружен суд Басмани ги уапси Александар Билин, Олег Антипов и Дмитриј Тјазелик, осомничени за неодамнешниот напад на мостот на Крим, пишува Тасс.

„Окружниот суд во Москва, Басмани ги разгледа барањата на предистражните органи Александар Билин, Олег Антипов и Дмитри Тјазелик, обвинети за сторено кривично дело од член 205.2 од Кривичниот законик на Русија (терористички напад), да бидат притворени како рестриктивна мерка. Судот им одреди притвор до 8 декември“, се вели во соопштението.

Камион експлодираше на мостот на Крим утрото на 8 октомври. По експлозијата се запали воз со гориво, а едната страна од патот е целосно уништена. Во експлозијата загинаа четири лица.

Рускиот истражен комитет претходно соопшти дека идентификувал 12 лица кои биле директно вклучени во нападот, кој се смета за терористички акт во Русија.

Би можело да ве интересира

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

ВИДЕО: Русите објавија снимка како Германците наводно планираат напад на Кримскиот мост

Предраг Петровиќ

Русија го брани кримскиот мост со „стратегија стара 200 години“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над Кримскиот мост облаци од чад, пресретнати два проектили

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Путин се прошета преку мостот на Крим, гранатиран во октомври

Ана Ололовска

Украинците издадоа поштенска марка славејќи го уништувањето на мостот на Крим

А1он