ВИДЕО: Путин се прошета преку мостот на Крим, гранатиран во октомври

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се прошета со мерцедес преку мостот Крим, кој ја поврзува јужна Русија со анектираниот полуостров Крим.

Во 2018 година, Путин отвори патен и железнички мост долг 19 километри. Мостот беше гранатиран на 8 октомври, за што Русија ја обвинува Украина. Придружуван од вицепремиерот Марат Кушнулин, Путин беше прикажан на државната телевизија зад воланот на Мерцедес додека поставува прашања за тоа каде се случил нападот.

„Возиме на десната страна“, рече Путин додека го минуваше мостот.

„Левата страна на мостот, колку што разбрав, е отворена за сообраќај, но сепак треба да се доврши. Сè уште е малку оштетен, треба да го доведеме во идеална состојба“, изјави рускиот претседател.

Путин прошета и низ делови од мостот, најголемиот во Европа, за да ги прегледа сè уште изгорените делови.

Украина не ја презеде одговорноста за бомбардирањето на мостот во раните утрински часови на 8 октомври, ден по 70-тиот роденден на Путин.

Руската Федерална служба за безбедност тврди дека нападот бил организиран од украинското воено разузнавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски