ВИДЕО: Русите го напднаа киевскиот регион, Украина удри на Ростов: пожари, повредени и мртви

Од:

Едно лице загина, а неколку други се повредени во пожарот што избувна по нападот со руски беспилотни летала врз Бела Црква, во регионот Киев, изјави претседателот на локалниот градски совет, Володимир Вовкотруб.

– Втора ноќ по ред, населбата Бела Црква е нападната од непријателски беспилотни летала. Како резултат на тоа, избувна пожар. За жал, има повредени и е познат еден смртен случај – рече тој.

Според службените лица, сите надлежни служби работат на отстранување на последиците од нападот, а на локалното население му е наредено да ги затворат прозорците и да останат смирени, пренесува Укринформ.

Локалниот воен командант Никола Калашник изјави дека телото на починатиот маж е пронајдено за време на гаснењето пожар во гаражата што беше погодена во нападот.

Во градот се евидентирани штети на повеќекатници, пожари на територијата на гаражната задруга и во просториите на комерцијалните и индустриските претпријатија – додаде тој.

Во рускиот Ростовски регион, напад со украински беспилотни летала беше одбиен во текот на ноќта, а четири лица беа повредени, меѓу кои и едно дете, објави вршителот на должноста гувернер Јуриј Сљусар.

Во Ростов на Дон, како резултат на нападот, избувна пожар на горните катови од две згради, а населението беше евакуирано, соопштија руските власти.

– Вечерва, нашите сили за противвоздушна одбрана одбија напад со беспилотни летала во окрузите Ростов, Мјасников и Неклин. Тројца возрасни и едно дете побараа медицинска помош, но ниту едно од нив не претрпе сериозни здравствени повреди – напиша Сљусар на Телеграм, пренесува Интерфакс.

Неексплодирана граната е пронајдена во еден од становите на повеќекатната зграда, на чии горни катови избувна пожар, поради што беа евакуирани 320 жители, додаде рускиот функционер.

Системите за противвоздушна одбрана соборија 13 украински беспилотни летала во Ростовскиот регион во текот на ноќта, објави руското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Европа договори нов удар за Путин: нови мерки за банки, нафта и „сенката флота“

ВИДЕО: Која е целта на нападите на Украина на „рускиот амазон“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огромни пожари избувнаа по украинските напади на територија на Русија и на Крим

Катерина Ѓуровски

Разрешениот началник на украинската армија ја испрати последна порака до украинскиот народ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силен украински напад на значајни цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски се соочува со голема криза, притисокот од улиците и војската расте

Катерина Ѓуровски