ВИДЕО: Русин се самозапали, не сакал да оди во војната во Украина

Од:

Во Рјазан, град со половина милион жители во западна Русија, човек се самозапали во знак на протест против мобилизацијата на резервисти за војната во Украина, пренесува Sky News.

На Телеграм е објавена снимка на која се гледа како одведуваат маж завиткан во син чаршаф. Изданието наведува дека мажот викал дека не сака да учествува во војната.

Да потсетиме, повеќе од 2.000 луѓе беа уапсени на протестите против мобилизацијата низ Русија. Покрај тоа, на руските граници со соседните земји се формираа долги редици луѓе кои се обидуваат да побегнат од мобилизацијата на резервистите. Околу 17.000 Руси влегле во Финска само за време на викендот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија со дронови го нападна југот на Украина

Медведев: Оваа година 280.000 луѓе се пријавија за руската армија

Вагнер се повлекува од Бахмут на 10 мај

Катерина Ѓуровски

Британија: Кремљ веројатно подготвува широка мобилизација

Русија призна дека извршила повеќе од 9.000 нелегални мобилизации

Катерина Ѓуровски

Британија: Русија се уште ја разгледува можноста за делумна мобилизација