Русија лансираше 14 беспилотни летала и пет проектили кон Украина во текот на ноќта, соопшти утрово украинското воздухопловство, а системите за противвоздушна одбрана уништија 11 беспилотни летала, пренесува Ројтерс.
What Russians did to Odesa last night using Iranian drones.
Just randomly destroying and killing as much as possible.
Zero military objective. Just terrorism while Russian Foreign Minister is treated like a king in New York City. pic.twitter.com/MzMpuqE9vp
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) January 25, 2024
Украинските воздухопловни сили на својот канал Телеграм објавија дека Русија цели главно цели на југот на Украина.
Гувернерот на Одеса, Олех Кипер, на Телеграм изјави дека при нападот на пристанишниот град на Црното Море се повредени две лица.
„И покрај ефективната работа на противвоздушната одбрана во одбивањето на непријателските напади, во Одеса беше погоден индустриски објект, а беа оштетени станбени објекти и цивилна инфраструктура“, рече Кипер.