ВИДЕО: Русија објави снимки од денешното тестирање на балистичките нуклеарни ракети

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги покрена вежбите на стратешките нуклеарни ракетни сили, а Вашингтон соопшти дека руските сили во близина на украинската граница се „подготвени за напад“.

Вежбите на руските нуклеарни сили вклучуваат лансирање на балистички и крстаречки ракети, соопшти Министерството за одбрана. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека вежбите се дел од редовната постапка на обука и дека Путин најверојатно ќе учествува од „ситуацискиот центар“.

-Русија успешно ги тестираше своите нуклеарни балистички ракети и хиперсоничните ракети како дел од годишните стратешки вежби „Гром“, соопшти Кремљ. „Сите проектили ги погодија своите цели“, се вели во соопштението и се додава дека во вежбите се вклучени и нуклеарните подморници и бомбардерите Ту-95.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година