Претседателот на Украина Володимир Зеленски пред американскиот Конгрес го претстави таканаречениот „план за победа“ во војната против Русија.
„Ние сме на критичен крстопат во оваа војна. Ни треба навистина силен притисок и силни позиции за Украина“, додаде тој. „Разговаравме и за ситуацијата на бојното поле, за заштита на нашата енергетска мрежа и подготовка на нашата земја за зимата што претстои, објави Зеленски на социјалните мрежи информирајќи за средбата во Конгресот.
I had a meeting with a bipartisan delegation from the U.S. House of Representatives, during which I presented the key points of the Victory Plan, which can strengthen us on the path to peace.
We are at a critical juncture in this war. We need really strong pressure and strong… pic.twitter.com/dBzMBRolNj
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 26, 2024
Зеленски се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и му заблагодари за поддршката и повторно повика за засилена помош за Украина да ја добие војната.
„Господине претседателе, ви благодариме за силната поддршка и одлука да ни помогнете да ја заштитиме Украина. Украина е нашиот дом. Длабоко цениме што Украина и Америка застанаа рамо до рамо од првиот момент …
Вашата решеност е неверојатно важна за нас да ја надминеме војната… Мораме да го вратиме нормалниот живот и многу го цениме вашето лидерство… Имаме и 26 билатерални безбедносни договори со партнерите врз основа на Декларацијата за безбедност на Г7. Имаме силен безбедносен договор со САД, благодарни сме за тоа и целосно ќе го спроведеме.
И многу е важно што ја споделуваме истата визија за безбедносната иднина на Украина во ЕУ и НАТО, а Украина на тој пат спроведува невиден број реформи. Денес имаме нов пакет за поддршка… Ова ќе биде голема помош.
Денеска поставив план за победа со претседателот Бајден. Се подготвуваме да разговараме за деталите за да го зајакнеме планот, да ги координираме нашите позиции… Ви благодариме за таа непоколеблива двопартиска поддршка и на целиот американски народ. Мора да победиме заедно, ќе победиме“, рече Зеленски.
Бајден му се заблагодари на Володимир Зеленски што го сподели неговиот „план за победа“, соопшти Белата куќа.
Двајцата лидери разговараа за военото финансирање и за долгорочната безбедност на Украина, се вели во соопштението. „Ние стоиме со Украина сега и во иднина… Дозволете ми да бидам јасен. Русија нема да ја добие војната“, рече Бајден.
Зеленски одржа прес конференција со американската портпреседателка и демократска кандидатка за претседателските избори Камала Харис. Таа индирктно го прозва Доналд Трамп.
Без да го именува директно, Камала Харис го повика својот противкандидат на претстојните избори, републиканскиот кандидат Доналд Трамп, велејќи дека има некои луѓе во Америка кои ќе бараат Украина да прифати неутралност и да се откаже од безбедносните односи со другите нации.
„Ова не се предлози за мир. Наместо тоа, тие се предлози за предавање“, додаде таа.
Зеленски најави дека ќе се сретне и со Трамп. Републиканскиот претседателски кандидат во последниот период жестого го напаѓаше украинскиот претедател давајќи неколку изјави во контекст на војната и позициите на Украина и на Русија.