ВИДЕО: Русија ги покажа авионите и хиперсоничните ракети во Средоземјето, во одговор на тензиите со Британија

Од:

Руската армија денеска почна големи воени вежби во Средоземното море, во кои учествуваат борбени авиони опремени со хиперсонични ракети, со што сака да демонстрира сила во екот на зголемените тензии по инцидентот со британскиот разурнувач во Црното Море.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во воените вежби на истокот од Медитеранот учествуваат неколку воени бродови, две подморници и суперсонични бомбардери со долг дострел „Ту-22М3“, заедно со другите борбени авиони.

Москва соопшти дека еден од нејзините воени бродови пред два дена испука предупредувачки истрели и дека нивен воен авион „Сухој 24“ фрлил предупредувачки бомби во правец на британскиот разурнувач „Дефендер“ со цел да го протера од областа во близина на Крим, за која Русија тврди дека се нејзини територијални води.

Британското Министерство за одбрана изјави дека нивниот разурнувач пловел низ територијалните води на Украина, во согласност со меѓународното право, и дека никој не пукал врз нивниот брод.

Претходно неделава британски ловци „Ф-35“ извршија борбени прелети во операција против Исламска држава во Сирија.

Русија е воено присутна во Сирија од септември 2015 година, како помош на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад за враќање на контролата врз поголемиот дел од земјата по разорнувачката 10-годишна граѓанска војна.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неколку борбени авиони „МиГ-31“ со хиперсонични ракети „Кинжал“ пристигнале во руската воздушна база Хмемим, во близина на Латакија, што е главната руска база во Сирија за воздушни напади врз бунтовничките сили во земјата.

Руската армија посочува дека ракетата „Кинжал“ лета десет пати побрзо од звукот и има досег до 2.000 километри.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија