(ВИДЕО) Радикален исламист: Се подготвив за џихад, но ми дадоа домашни задачи

Од:

Ариб Маџиб по враќање во Индија од редовите на ИСИС, на властите им ги открил имињата на луѓето кои го регрутирале и испратиле во Ирак, каде што им се приклучил на џихадистите, пишува „Дејли меил“.

Како што пренесуваат медиумите ова 23-годишно момче се пожалило на условите во Исламска држава и изјавило дека таму не се води света војна.

Кога со своите пријатели кон крајот на мај оваа година заминал во Ирак, не ни претпоставувал каков третман ќе добие таму и која ќе биде неговата улога во џихадот.

Ариб раскажува дека неговите соборци во целост го игнорирале и дека од него барале да извршува физички работи, како чистење на тоалети и носење вода и храна на линијата на фронтот.

Според наводите на „Дејли меил“ властите во Мумбај го привеле и обвиниле Маџиб за тероризам.

– По неколкучасовно интензивно испрашување, ги откри имињата на локалните екстремисти кои го врбувале него и неговите пријатели и им помогнале да заминат во Ирак. Моментално вршиме проверка на неговите тврдења и се обидуваме да ги најдеме тие контакти-велат од индиската Национална разузнавачка агенција.

Инаку Маџиб тврди дека не учествувал во борбите и дека сфатил дека треба да се врати дома кога неговите соборци го оставиле без медицинска помош, иако бил повреден.

– Дури откако ги преколнував да ми помогнат, ме однесоа во болница. Во меѓувреме ја чистев раната како што знаев, а немав доволно ниту лекови ни храна- открил Маџиб пред властите.

Тој додава дека таму не се води света војна и дека не се придржуваат до проповедите на светата книга.

Ова момче признава и дека ја поминало воената обука, но дека нему и на неговите пријатели не им било дозволено да се борат, затоа што Индијците ги сметаат за физички слаби луѓе.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска