ВИДЕО: Работите не се секогаш онакви како што изгледаат

Од:

Дека работите не се секогаш онакви како што изгледаат на прв поглед, докажува и една снимка што ја направи литванската полиција.

На почетокот оваа полициска снимка од Вилниус не покажува дека се случува нешто необично. На неа се гледа автомобил, чиј возач ги прекршува сообраќајните правила и полициско возило кое сака да го запре.

По неколку моменти автомобилот конечно застанува, а од него излегуваат двајца крупни мажи. Се укажува на тоа дека ќе следува конфликт меѓу „насилниците“ и полицијата, но во тој момент од автомобилот излегува мајка со дете кое е во несвест.

Таа се приближува до полицискиот автомобил, а полицајците брзо реагираат, го сместуваат детето во нивниот автомобил и со вклучена сирена со полна брзина итаат во најблиската болница.

Оваа снимка на својата интернет страници ги објави литванската полицијата, која објаснува дека детето се освестило во полицискиот автомобил пред да стигнат до болницата и дека сега добро се опоравува.

Литванските медиуми ја пофалија локалната полиција оценувајќи дека докажала оти добро реагира во кризни ситуации.

Би можело да ве интересира

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје

Ана Ололовска

Литванија: Испратете системи за воздушна одбрана на НАТО

А1он

Литванија ќе биде подготвена да прими германска воена бригада до 2026 година

А1он