Нов силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција. Според првите информации, епицентарот на земјотресот бил на подрачјето на Малатија, кое речиси било уништено од разорните земјотреси што ја погодија оваа земја на 6 февруари.
#Malatya #deprem sonrası dumanlar yükseliyor. Allah korusun! Binalara asla girmeyelim. Uzak duralım hasarlı yapılardan. pic.twitter.com/aBc9H86NW6
— Eren Babilli (@AliHAN79615226) February 27, 2023
На социјалните мрежи наскоро почнаа да се појавуваат снимки од последниот во серијата земјотреси во Турција.
На едно од видеата се гледаат луѓе кои излегле на улица, за да се заштитат од потенцијално уривање на згради, а владее општа паника.
Malatya’da 5,6 büyüklüğünde deprem oldu. Çok sayıda binanın yıkıldığı bilgisi aktarılıyor.
Halkımıza geçmiş olsun. Can kaybının olmamasını ümit ediyoruz.#deprem pic.twitter.com/one9sEqG8B
— UMUT-SEN (@Umut_Sendikasi) February 27, 2023
Засега не се знае дали се повредени во последниот земјотрес, а тлото се затресе во Кахраманмарас и Адијаман.
Да потсетиме дека во разорните земјотреси што ги погодија Турција и соседна Сирија на 6 февруари, загинаа повеќе од 50.000 луѓе.