ВИДЕО: Протестот против ковид рестрикциите се претвори во „војна“ на улиците на Брисел

Од:

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Брисел на протест против засилените антивирусни мерки што владата ги воведе со цел да го потисне најновиот скок на бројот на заразени со коронавирус.

Многумина од нив протестираа и против советите да се вакцинираат и против какви било чекори кон воведување задолжителни вакцини против Ковид.

Демонстрантите стоеја зад огромен транспарент на кој пишуваше „Заедно за слобода“. Имаше чадни бомби и петарди, но немаше насилство во рпочетниот дел од маршот, кој треба да заврши пред седиштето на Европската унија.

Дел од демонстрантите почнаа да ја провоцираат полицијата и да фрлаат секакви предмети кон кордонот специјалци, по што тие возвратија со солзавец и водени топови.

Нередите во центарот на Брисел сеуште траат , а помали групи кршат и палат се` пред себе.

Засега нема информации за уапсени демонстранти или за повредени во судирите.

Во последните неколку дена во многу европски земји се организираат протести бидејќи една по друга влада воведува построги мерки поврзани со Ковид.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on