Голем број сопственици на кучиња стравуваат од таканаречениот „Проколнат мост“ во Шкотска, бидејќи од него повеќе од 50 кучиња извршиле самоубиство.
Причината за тоа никому не му е позната, што дополнително ги доведува до забуна и ги плаши љубителите на животни.
Мостот е изграден во 1859 година во Шкотска, а првите инциденти се заблежани во 50-тите години од минатиот век, кога се случувало барем по едно куче годишно да изврши самоубиство.
Кенет Мајкл шетала со своето семејство и златниот ретривер Хендрикс, кој одеднаш скокнал од мостот.
Локалните сопственици на кучиња го избегнуваат ова место, бидејќи нивните миленици во негова близина стануваат чудни и испуштаат крици, додека оние кои ќе успеат да побегнат скокаат во провалија длабока 50 метри.
Низ селото кружи приказна дека минувачи забележале дека кучињата кога ќе дојдат во близина на мостот одеднаш го менуваат правецот и скокаат во провалија.
Дорин Грахам од Шкотското здружение за заштита на животни овој феномен го нарекува „мистерија која ги крши срцата“.
Е. Г.