ВИДЕО: Пригожин тврди дека комплетно го зазеле Бахмут и ќе и го предадат на руската војска

Од:

Шефот на руската платеничка група Евгениј Пригожин изјави денеска дека неговите „Вагнерци“ го зазеле целиот Бахмут, но Украина вели дека борбите се уште траат, но признава дека ситуацијата е критична.

Пригожин го изјави ова во видеото на кое стои пред борците на Вагнер во воена униформа, а тие истакнуваат руски знамиња и транспаренти на платеничката група.

„Денеска во 12 часот Бахмут беше целосно окупиран. Го окупиравме целиот град, секоја куќа“, рече Пригожин.

Но, портпаролот на украинската војска Серхи Шереваџи изјави за Ројтерс дека „тоа не е вистина“ и дека „украинските трупи се уште се борат во Бахмут“. Заменик министерот за одбрана рече дека се водат жестоки борби и дека ситуацијата е „критична“.

Бахмут е во фокусот на најдолгата и најкрвавата битка во руската војна во Украина, која трае речиси 15 месеци.

Во позадина се слушаа далечни експлозии додека Пригожин зборуваше на видеото. Меѓу другото, тој рече дека неговите сили ќе се повлечат од Бахмут од 25 мај на одмор и преквалификација и дека контролата ќе и ја предаде на редовната руска армија.

Во видеото, Пригожин ги исмева украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден, кои учествуваа на самитот на Г7 во Јапонија во саботата. Главна тема на разговор меѓу светските лидери беше војната во Украина.

Обраќајќи му се на Зеленски, Пригожин рече: „Кога ќе го видите Бајден денес, бакнете го на врвот од главата и кажете му дека го поздравив“.

Пригожин ги повтори поплаките што често ги правеше во минатото. Тој рече дека неговите сили претрпеле многу поголеми загуби бидејќи руската армија не гарантирала соодветна поддршка или снабдување со муниција.

Претходно во мај тој се закани дека ќе ги повлече своите војници. На ова му претходеше лута тирада против рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Објавата на Пригожин за победата уследи по жестоките борби околу Бахмут од минатата недела, при што Украина извести дека потиснала дел од руските сили.

Британското разузнавање во саботата соопшти дека Русија „многу веројатно“ распоредила неколку баталјони за да ја засили областа околу Бахмут, по тактичките успеси на украинската армија на периферијата на градот.

Самиот Пригожин признал дека Бахмут, град во кој живееле 70.000 жители пред војната, немал стратешко значење, но дека поради интензитетот на борбите и огромните загуби добил големо симболично значење за двете страни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород

ВИДЕО: Над 30.000 Руси јуришаат на Харков, продолжува евакуацијата на населението

Катерина Ѓуровски