(ВИДЕО) Преполн автобус излета од планински автопат, десетици се мртви и повредени, меѓу кои и британски и кинески државјани

Од:

Непалската полиција соопшти дека 19 лица загинаa, а 25 се повредени кога преполн автобус излета во провалија од планински автопат. Автобусот превезуваше патници од градот Покара до главниот град Катманду. Возилото се лизна од автопатот Притхви во близина на Бенигат, околу 80 километри од главниот град.

Меѓу загинатите е и 24-годишен британски државјанин, соопшти полицијата во округот Дадинг.

Досега се идентификувани само девет тела.

Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека меѓу загинатите е и кинески државјанин.

Спасувачите брзо стигнаа на местото на несреќата и ги извлекоа повредените од смачканиот автобус и ги однесоа во болница, изјави државниот службеник Мохан Прасад Неупане.

Полицијата ја истражува причината за несреќата.

Според АП, автобуските несреќи во Непал се чести, главно поради лошо одржуваните патишта и возила. Поголемиот дел од таа хималајска земја е покриен со планини и е поврзан само со тесни патишта.

Би можело да ве интересира

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 1.344, речиси 5.000 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Силен земјотрес го погоди Тибет

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903