(ВИДЕО) Повторно кренати шатори на плоштадот Мајдан, демонстрантите бараат отчет од Порошенко и Владата

Од:

Околу 100 демонстранти се собраа на главниот киевски прлоштад Мајдан и кренаа шатори, барајќи украинскиот претседател Петро Порошнеко и Владата да поднесат извештај за спроведување на реформите што неговата Влада ги вети пред една година.

Демонстрантите вчера кренаа најмалку пет шатори на местото на кое минатата година демонстрираа против поранешниот претседател Виктор Јанукович, јави руската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“.

Тие бараат Порошенко и неговата Влада да им посветат внимание на граѓаните и да поднесат извештај за процесот на спроведување на реформите што беа ветени минатата година, изјави еден од организаторите Рустем Ташбаев.

Тој истакна дека активистите не бараат оставка на Владата.

-Ние ја почнавме оваа кампања, кренавме шатори и овој протест го нарековме Мајдан 3. Ние бараме тие луѓе да ги извршуваат своите должности што е нивна обврска, рече Ташбаев.

Протестите на Мајдан почнаа во 2013 година како мирна кампања заради тоа што тогашниот претседател Виктор Јанукович не сакаше да ја потпише спогодбата за придружување кон ЕУ.

Следеше пучот и новите власти ветија дека ќе спроведат политички и социјални реформи неопходни за исполнување на економските и демократски норми за Украина еден ден да може да влезе во ЕУ.

Се чини, меѓутоа, дека Владата не успеа да спроведе конструктивни реформи, бидејќи во земјата завладеа економска криза и таа во голема мера зависи од меѓународните кредитори.

Порошенко призна дека не е задоволен од она што е постигнато од кога пред една година стана претседател.

-Дали сум задоволен од работата на Владата? Не сум. Ниту сум задоволен од својата работа, ниту од работата на Парламентот. Но најважно е тоа што луѓето не се задоволни со сите нас, рече тој во четвртокот пред пратениците во годишното обраќање до Парламентот во Киев.

На улиците на Киев во саботата беше одржан голем антивладин собир на кој се собраа околу 3.000 лица и кои побараа оставка на Владата и економски реформи.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17