ВИДЕО: Повторно камења и гумени куршуми во Ерусалим, десетици Палестинци повредени и уапсени

Од:

Деветмина Палестинци се денеска повредени, а уште најмалку десетмина се уапсени, по судирите со израелската полиција во источниот дел на Ерусалим, најсилните .

Околу илјада Палестинци се собраа денеска по молитвата пред џамијата Ал Акса, трета по значење во исламскиот свет, носејќи палестински знамиња и извикувајќи „Бог е голем“.

Некои од демонстрантите фрлале камења кон полицијата, кои ги чувале влезовите на храмот.

Во полициското соопштение се наведува дека неколку десетици млади луѓе го нарушиле редот и почнале да гаѓаат со камења. Тројца од повредените Палестинци се хоспитализирани.

Полицијата ги растерала со гумени куршуми, шок бомби и употребила физичка сила, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран