(Видео) Повредени жената и детето на градоначалник во Франција – бунтовници со автомобил се забиле во куќата додека спиеле

Од:

Француски бунтовници удриле со својот автомобил во домот на градоначалникот на Л’И- ле Росес, општина во јужните предградија на Париз, и го запалиле возилото додека неговото семејство спиело, објави самиот градоначалник, Винсент Жанбрун.

Тој рече дека бунтовниците удриле во куќата со автомобил, а потоа го запалиле возилото, при што биле повредени неговата сопруга и едно од децата.

Државното обвинителство отвори истрага за обид за убиство, јавува телевизијата БФМТВ.

Градоначалникот ноќта ја минал во градското собрание, кое беше опкружено со бодликава жица и обезбедено од полицијата поради обид за напад по неколкудневните улични немири.

Но, полицијата во моментот на нападот не ја обезбедила куќата во која спиеле сопругата на началникот и двете мали деца, па злосторниците решиле со својот автомобил да влезат низ вратата од куќата, а потоа го запалиле автомобилот и неколку корпи за отпадоци.

Сопругата и децата на Жанбрун побегнале низ градината додека напаѓачите пукале кон нив со пиротехнички средства, објави ТВ Франсинфо.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина