ВИДЕО: Половина метар снег во Мадрид, најсилна снежна бура во последните 50 години

Од:

Шпанската престолнина денеска е комплетно прекриена со снежна покривка која достигнува до половина метар, а врнежите, за кој жителите на Мадрид можат да ѝ се „заблагодарат“ на бурата „Филомена“, се најсилните во 24 часа од 1971 година наваму.

Снимките од хеликоптер на Итната медицинска помош од Мадрид покажуваат ретка слика во главниот град на Шпанија, кој повеќе наликува на некоја престолнина од северот на европскиот континент.

Најмалку четворица луѓе загинаа во снежната бура, која го парализираше воздушниот и патниот сообраќај во делови од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Слаб снег на планинските превои

За викендов дожд и повремено снег

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Интензивни врнежи од снег, отежнат е сообраќајот низ цела Босна

Предраг Петровиќ