ВИДЕO: Полицајци во Бразил застанаа на страна на демонстрантите

Од:

На демонстрантите во Рио де Женеиро вчера во текот на протестите им се приклучи и група полицајци што предизвика воодушевување кај нив.

Како што пренесуваат медиумите тие решиле да не вршат напад врз својот народ, иако е јасно дека ваквиот потег ќе им создаде проблеми со работата.

Гестот е поддржан од нивните колеги кои во коментари на социјалните мрежи напишале дека и тие ќе им се приклучат на демонстрантите кои речиси две недели протестираат во сите поголеми бразилски градови.

Демонтрантите гестот го поздравија со аплауз и скандирање дека обединетиот народ не може да биде поразен.

Сепак таа група полицајци претстваува малцинство, бидејќи тамошната влада реши на улиците да ги испрати специјалните трупи, припадници на елитната единица, која ја сочинуваат војската и полицијата и која се употребува во сосема кризни ситуации.

Иако официјалното објаснување на министерот за правда е дека улогата на овие трупи нема да биде апсење и казнување на демонстрантите, туку да ја смири ситуацијата, демонстрантите не веруваат во тоа.

Инаку одлуката на владата да ги ангажира специјалците е донесена по жестоките судири со околу 50.000 демонстранти и полицијата во Сао Паоло.

Протестите во Бразил започнаа поради зголемувањето на цената на билетите за јавен превоз и набргу прераснаа во национални немири на незадоволните бразилци кои бараат власта да вложи пари во социјалната и здравствената политика.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он

(ВИДЕО) Најмалку 25 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Бразил

Горан Наумовски