ВИДЕО: Полицаец убил познат автралиски ТВ водител и неговто момче

Од:

28-годишен полицаец е обвинет за убиство на исчезнатиот австралиски ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис. Полицијата во средата започна потрага по исчезната двојка, откако нивните работи беа пронајдени облеани во крв во канта во близина на Сиднеј.

Инспекторите велат дека допрва треба да ги лоцираат телата на мажите или да ја потврдат причината за смртта. За убиството е осомничен Бо Ламар, поранешното момче на Берд, кое денеска и се предаде на полицијата. Полицијата тврди дека парот бил убиен во понеделникот во домот на Берд во Падингтон, предградие на Сиднеј, по што убиецот ги префрлил нивните тела во бело комбе, пишува Би-Би-Си.

Сведоците им кажале на инспекторите дека слушнале викање и расправија тоа утро, а на местото на настанот било снимено изнајмено комбе, пронајдено на местото на настанот во јужниот дел на Сиднеј утрово. Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека на местото на злосторството во Падингтон бил пронајден куршум што одговара на службениот пиштол на Ламар, како и значително количество крв и знаци на борба.

„Навистина е важно да ги лоцираме телата, не само поради причината за смртта, туку и за семејството“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча