Двегодишно момче е спасено од урнатините на срушена станбена зграда во турскиот град Антакија речиси 80 часа откако земјотресот ја собори, јавува Sky News. Снимката од турската Фондација за хуманитарна помош (ИХХ) покажува како спасувачите гледаат во тесен отвор во урнатините на зграда во Антакија и извлекуваат момче кое плаче.
A two-year-old boy named Mert was rescued alive from the rubble after 79 hours of the earthquake.
📍 Hatay #earthquake pic.twitter.com/9VGs2mJyxC
— Humanitarian Relief (@IHHen) February 9, 2023
Работник од турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) го однел момчето и го предал на здравствените работници, додека случајните минувачи го снимале спасувањето на нивните телефони.
Стотици илјади луѓе останаа без покрив над главата по силните земјотреси што во понеделникот ја погодија јужна Турција и делови од соседна Сирија. Потврдено е дека близу 20.000 луѓе загинале во катастрофата, а бројот веројатно ќе продолжи да расте. Илјадници се уште се водат како исчезнати.