ВИДЕО: Палестинец едвај се спаси од линч, го извлекоа од возило и го претепаа со палки

Од:

Голем број еврејски десничарски националисти линчуваа Палестинец во предградиe на Тел Авив. Снимките од нападот во Бат Јам, беа емитувани и на телевизија.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како група крајно десничарски Евреи извлекуваат од возило еден Палестинец, а потоа го претепуваат со палки, пренесува Гардијан.

Полицијата и службите за итни случаи пристигнаа на местото дури 15 минути по нападот, додека жртвата лежеше неподвижна на сред улица.

Членовите на групата од каде беа напаѓачите, го правдаа нападот, наведувајќи дека мажот се обидел да ги удри насобраните екстремно десничарски националисти со автомобил, но видеото покажува дека тој се обидува да ги избегне демонстрациите со своето возило.

„Жртвата на линчувањето беше сериозно повредена, но е во стабилна состојба“, се наведува во соопштението на болницата во Тел Авив.

На друго место во Бат Јам, група Израелци, облечени во црно, искршија излог на продавница за сладолед во арапска сопственост, во живо на телевизија, за време на судир со полицијата, ултранационалистите извикуваа „Смрт за Арапите!“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“