ВИДЕО: Овој говор влијаеше врз резултатите од референдумот во Шкотска

Од:

Говорот на Гордон Браун на последниот ден од предизборната кампања, со кој ги потсети граѓаните дека сите заедно се бореле за Велика Британија за време на двете светски војни, го разбуди патриотизмот кај нив.

Многумина сметаа дека тој имаше големо влијание врз резултатите од референдумот во Шкотска.

-Нема гробишта во Европа на кои нема Шкоти и Англичани. Додека заедно се бореле никој никого никогаш не прашал од каде доаѓа – рече тој.

Поранешниот лидер на Лабуристите последната недела од референдумот вети дека уште на почеток на наредната година ќе бидат усвоени значајни закони, со кои Шкотска ќе добие поголеми овластувања во Обединетото Кралство.

Како што пренесуваат медиумите „Спасителот на Унијата“, има план за постреферендумско уставно решение во Велика Британија, вклучувајќи ја и новата улога на Горниот дом во британскиот парламент. Инаку во тек на предизборната кампања Дејвид Камерон и Гордон Браун беа во чест контакт и британскиот премиер се потпре на советите на својот некогашен противник, со цел да се спречи одливот на лабуристичките гласови. За потсетување Браун (63) дипломирал на Универзитетот во Единбург и за прв пат во 1983 година беше избран за пратеник во парламентот, заедно со Тони Блер.

Подоцна тие заедно на лабуристичката партија и обезбедија победа на изборите во 1997 година и тој во владата беше министер за финансии се до 2010 година, кога беше сменет поради светската економска криза.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски